Jump to content

Wq/mk/Крсте Петков Мисирков

From Wikimedia Incubator
< Wq | mk
Wq > mk > Крсте Петков Мисирков
Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.

Крсте Петков Мисирков (1874 — 1926) — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Цитати

[edit | edit source]

За македонцките работи (1903)

[edit | edit source]
  • Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, за да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија. А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македонецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна на оној од Источна. Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
    • За македонцките работи (1903)
  • Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.
    • За македонцките работи (1903)